Cioccolato,prego!

Инспирирана од мојата вечна љубов – чоколадото, денес мојот изглед беше сведен на кафеаво со кремаво. И времето таман ми се погоди за моето омилено пролетно палтенце. Инаку да напоменам, овој ми е еден од најдрагите џемперчиња, бидејќи ми е подарок од брат ми од САД (пушти ме мамо за Америка, пушти ме од таму да ја сакам Македонија). Делот кој ми е скриен со шалот е широко отворен, и затоа овој џемпер го носам одоздола со ролка, умирам да го облечам врз кошулче ама првин треба да си најдам соодветен модел и боја. И да, љубител сум на кршење правила, па така омилено ми е чевлите и чантата да не се во иста боја. Убаво си го почнав утрото. Чоколадо, ќе ве молам!

 

Inspired from my greatest love – chocolate, today my outfit was all about brown and cream. The weather was also on my side, so I immediately put on my favorite spring jacket. I should mention that this is one of my favorite cardigans, because it is a gift from my brother from the USA. The part which is hidden by the scarf is widely open so I wear underneath the cardigan a blouse with turtle neck, I am dying to wear this cardigan on a shirt, but first I have to find a suitable one. And yes, I don’t stick myself to rules, so my favorite which I break almost every time is shoes and bags not to be in the same color. I started nice this morning. Chocolate, please!

 

DSC02077DSC02092DSC02095DSC02096DSC02098  

 

Bag: Vintage (my mum used to wear it in her teenage years, so actually the bag is years older than me)

Jacket: Orsay

Advertisements

14 thoughts on “Cioccolato,prego!

    • Ти благодарам, инаку сликите се вакви бидејќи се сликам сама (го местам апаратот сам да слика) и колку и да сакам не можам да влезам цела во кадар, а и така не сум нешто многу фотогенична 🙂 Се надевам дека тоа не претставува препрека за следење на мојот блог.

      • Баш би сакала и би било убаво да се дружиме, но како што видов на твојот профил не сме од ист град, па засега не би било изводливо, но во некоја наредна прилика зошто да не? 🙂

  1. Палтото ти е препрекрасно.
    Марамата и чизмите одговараат, па само ташната двои, од мене имаш палец нагоре за тоа. 🙂
    Со еднобојни панталони/фармерки или пак не избледени, мислам дека подобро ќе стои, не дека и вака не е добро. 🙂

    Поздрав
    -Памела

  2. Ташната ми е омилена! Ех мајка ми што не ги чуваше нејзините 😦
    Палтенцето ми се допаѓа исто, баш е слатко. Боите се супер склопени, само и јас би одела со еднобојни фармерки.

    И сега јас гледам сликиве и гледам бело топче на едната слика и викам, сеа ова од сликата е или? Кога тоа балончињата ти мрдаат xD Мислам дека со тоа си се забавувам добри 5 минути 😀

  3. Одлична комбинација. Огромен љубител сум на винтиџ ствари, па чантата одма ме освои. =)
    Мене ми се допаѓаат фотографиите, баш доловуваш се што е потребно.

  4. Кога ќе имаш можност дефинитивно треба да се сликаш на отворено и целосно но додека да се пружи можност за тоа и вака е супер. Добра фотографија освојува делумно (кој го може тоа тука секако? ), но на крај се се сведува на облеката која ја носиш. 🙂

    Ќе се сложам за избледените фармерки. Не се трагични тука, но еднобојни би биле посоодветни.
    Палче нагоре за кршењето на модните правила. Во најголем случај со нивно кршење се добиваат феноменални комбинации. 🙂
    Чантата е прекрасна. Имам можеби 2-3 кои мајка ми ги зачувала од некоја непозната причина но секогаш се statement парче и дека се vintage според мене одат на се! 🙂
    Твојата е прекрасна и ми се допаѓа тоа што не само што двои од црното, туку и не станува збор за темно кафена нијанса. 🙂 Па некако дупло ми двои. 😀
    Палтенцето и накитот исто така ми се допаднаа, особено прстенот и тврдата алка од истата рака (ако добро забележувам). 🙂
    Поврзувањето на чизмите со шалот и чантата со блузичката, одлично.

    Патем браво за активноста.
    Keep them coming. 🙂

  5. Најмногу ми се допаѓа тоа што вклучуваш vintage парчиња, односно парчиња од плакарот на мајка ти. И јас го правам тоа со зачувани и модерни парчиња од младоста на мајка ми. 🙂

    Ташната има многу убава боја, но не ми се допаѓа бојата на блузата – за да не дели толку многу, би предложила да биде црна, така ќе одговара и на чизмите.
    Чизмите, покрај тоа, се многу убави – ги сакам овие модели.
    Женствени ми се. (:
    Марамата е многу убава.

    http://darkbloomv.wordpress.com

  6. А како да не искоментирам за ташната? Ми се допаѓа што е посветла нијанса и заради тоа ја расположува комбинацијата 🙂
    п.с. Јас кога се сликам сама е пресмешно затоа што редам столици и се’ што ќе најдам и да, се измачувам! :)))

    http://sanjaburgundy.blogspot.com/2013/02/dress-me-in-dress.html

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s