Pilot

Моето првенче, конечно. Можеби требаше блогот да се вика half-faced? Или можеби не сакам да сум безнадежна wannabe a model? Или пак можеби сеуште немам жртва пронајдено за сликање? Мислам дека е до тоа последното. Како и да е, еве го мојот изглед, како за почеток на блогот, за почеток на неделата, онака свежо понеделнички. Токму и поради тоа избрав поведри бои, да ми го развесели и онака омразеното понеделничко утро. Се надевам дека и работната недела ќе ми биде баш весела, кхм, да, бидејќи ќе биде дооолга и напорна.  FSYoulen

 

 

Finally my first post! Maybe I should have called my blog ‘half-faced’? Or maybe I didn’t want to look like a typical ‘wannabe a model’ ? Or just maybe I haven’t found yet my ‘victim’ for taking photos? I think that the third mentioned reason is the best one. Anyway, here is my outfit, for starting my blog, for starting the week, a light Monday combo. I have chosen more cheerful colors, to make it easier to handle this hated Monday morning. I hope that this week will be also cheerful, because it will be so looong and so hard. It will be a hell of a week! FSYoulen

 

 

DSC02057DSC02058DSC02059DSC02060DSC02061DSC02066DSC02067

 

 

 

Sweatshirt: Bershka

Everything else is from the local shops in my town 🙂

 

 

 

 

Advertisements

18 thoughts on “Pilot

  1. Убав и интересен микс на бои. Ми се допаѓаат како се контрастни една на друга, но како и совршено се согласуваат.
    Мислам дека подобро би дошле до израз ако си ги комбинирала со посветли фармерки.
    Чизмите се одлични.

    Добредојде,

    http://darkbloomv.wordpress.com

    • Ти благодарам, секогаш ценам и се добредојдени добронамерни критики и совети, меѓутоа ова ми се најсветлите фармерки, бидејќи не сум обожавател многу на истите (на светли, инаку вака фармерки не симнувам 24/7)

  2. Добредојде и на тебе 😀
    Инаку, ептен ми се допаѓа склопт на бои, тоа беше првото нешто што ми фати око. Минтот не би ми текнало да го искомбинирам со окер, доста смело – а убаво на изглед. Чизмите јас како модел ги обожавам, имам и јас едни вакви слични, само тоа што имам чуден и испревртен малку изглед на нозете, ме спречува да ги носам почесто. 😦

    Инаку супер блогче, се читкаме и понатака 🙂

    • Ти благодарам, и јас неодамна ја открив оваа комбинација на бои и почнав да ја применувам, токму поради тоа да ми даде малку cheer-up и да разбие монотонија.

  3. Многу брзо, ништо од тоа under construction? 😀
    Во секој случај драго ми е што се фати за блогот уште од старт. 🙂

    Комбинацијата ми се допаѓа, а од неа најмногу чизмите поради тоа што се бајкерски, но сето тоа е благо изработено па не се пренападни и можат да се трансформираат од еден стил во друг.
    Ми се допадна слабата избледеност на фармерките, таа нијанса се поврува со онаа на минт џемперот. Џемперчето пак во окер боја е исто така симпатично, додава елемент на свежина во аутфитот, баш онака како што си замислила и кажала.

    Мене комплетно ми се допаѓа лежерноста и свежината која ја носат со себе боите.
    Јас ќе те следам, имај убав ден. 🙂

    • Излезе дека сум повеќе возбудена од тоа што мислев, затоа ептен се запнав излгеда 😀 Инаку ти благодарам на кажаното, ќе се трудам уште повеќе да се залагам за блогот, па се надевам дека нема цело време да останам со ”сечена глава” 🙂

    • Ти благодарам, на почеток се чувствував чудно кога ги комбинирав овие две бои, но се повеќе и повеќе си ги засакав, и мило ми е што не згрешив баш со таа комбинација за почеток 🙂

  4. Боите се стварно преубаво искомбинирани!
    Јас сум најголем љубител на светли бои во зима, добро, светли бои во секое годишно време, ама во зима е најмерачки дека сите се затвараат во темни бои.
    Чизмите се стварно слатки, иронично ми е што ги дожувувам како слатки а се biker boots.
    Блогот ти е супер, ми се допаѓа header-от и името на блогот,доста иноватвино!
    Продолжи вака!

    • Ти благодарам, инаку и јас не сум тип на човек што се придржува до тие ”правила”, баш сакам да експериментирам посебно кога се работи за бои, only sky is the limit 🙂

  5. Паѓам на комбинации со жолто 😀
    Одлична комбинација, ми се допаѓа изборот на бои.
    Ми фали само каиш на фармерките, обично кога се носи нешто внатре во нив, повеќе ми се допаѓа со каиш.

    Добредојде!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s